Незгода пред натпреварот во Лигата на шампионите: Автомобил удрил во автобусот со фудбалерите на Реал Мадрид

Фото: EPA-EFE/KIKO HUESCA

Фудбалерите на Реал Мадрид ги чека натпреварот против Лајпциг во осминафиналето од Лигата на шампионите, а пред овој натпревар поминале низ една мала драма.

Експедицијата на Реал Мадрид место со директен лет за Лајпциг, денеска слета во 11:38 во Еруфрт кој е одалечен 160 километри од местото на одигрување на натпреварот.

Причината бил потенцијалнот штрајк на aeродромот во Лајпциг кој би донел проблеми во редоследот на планираните активнисти пред дуелот.

Но, тука се соочиле со една мала драма. На автопатот А4 помеѓу Еичелборн и Нохр, бела Тојата се судрила со автобусот на „кралевите“.

Возачот на автомобилот не го забележал моментот кога автобусот ја менувал коловозната лента. Тојотата претрпела штета во вредност од околу 3.000 евра, додека засега не е познато од какви размери е штетата навтобусот.

За среќа никој од стручниот штаб на Реал Мадрид и фудбалерите поминал без посериозни повреди, иста била ситуацијата и со патниците во автмобилот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот