Прес-конференција на Независен медицински синдикат / Фото: Кристина Ивановска

Независниот медицински синдикат ќе поднесе кривична пријава против одговорни лица за хакерскиот напад во ФЗОМ

Независниот медицински синдикат в петок ќе поднесе кривична пријава против лица одговорни за нефункционалноста на системот на Фондот за здравство. Како што најави Горан Ристески од синдикатот, ќе побараат лична одговорност од лицата коишто се директно одговорни за оваа ситуација.

Кривична пријава ќе се поднесе поради непостапување. Во медиумите се пишува дека државата дала одредена сума за надградба и одржување на софтвер. Ние немаме корист од тоа, значи компаниите кои биле платени, имале за задача и да го одржуваат. Мора некој да понесе одговорност, таа услуга е платена согласно важечките стандарди. Имало тендер, аплицирале фирми и некоја фирма земала пари за таа услуга. Таа услуга е платена но таа услуга ја немаме од самото место, вели Ристески.

Фонд за здравство / Фото: „Слободен печат“ – Драган Митрески

Д-р Дијана Јанкуловска на денешната прес-конференција потенцираше дека се револтирани од молкот на Фондот и тоа што ниту едно одговорно лице не излезе со официјална изјава.

Ние имаме разбирање и трпение, ако се случел каков било проблем или хакерски напад обврска е и човечка и морална да излезе и да каже во што е проблемот. Друго е информација од медиуми, друго е релевантна информација од тој кој е задолжен за сервисирање на ИТ секторот, каде ги има сите наши податоци, но и од осигуреници кои се многу чувствителни. Здравствениот систем во една држава е еден од главните столбови, кога ќе се случи крах во прашање е и стабилноста на една држава, додава д-р Јанкуловска.

Порачаа дека ќе бидат трпеливи и очекуваат решавање на проблемот до крајот на неделата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот