Претседателот на ПСЖ, Насер Ал-Келаифи на промоцијата со Лео Меси/Фото: EPA-EFE/CHRISTOPHE PETIT TESSON

Незамисливи бројки: Еве колку заработува Меси во ПСЖ

Лионел Меси ова лето пристигна од Барселона во ПСЖ, неверојатниот Аргентинец мораше да го напушти каталонскиот великан по 20 години, а причина беа финансиите.

Барса не можеше да си го дозволи неговиот договор, а ПСЖ спремно го поздрави и го доведе Месија во своите редови.

Аргентинецот потпиша двегодишен договор со парискиот клуб со опција за продолжување на соработката за уште една сезона.

„Л`Екип“ ги откри деталите на договорот кој Меси го има во ПСЖ, а бројките изгледаат навистина неверојатно.

За три години, колку што Лео би можел да остане во главниот град на Франција, ќе инкасира нереални 110 милиони евра нето.

Платата на Меси е 30 милиони евра по сезона, а тој ќе има дополнителни 10 милиони за лојалност во втората и третата сезона во клубот.

Треба да се напомене дека ПСЖ ќе му плати на Лео и дополнителен милион евра во клупската криптовалута.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот