Фото: Denver Museum of Nature & Science

Неверојатно откритие: Пронајдени фосили на цицач – предок на коњите, елените и свињите

Во Корал Блафс, Колорадо, пронајдени се остатоци од животно за кое се проценува дека живеело пред околу 65 милиони години. Ова животно се појавило веднаш по изумирањето на диносаурусите, а истражувачите го идентификувале врз основа на дел од черепот и коската на вилицата, пишува „Саенс алерт“ (Science alert).

Новооткриениот вид цицач го добил латинското име „Милитoкодон лидае“ / „Militocodon lidae“, а се проценува дека тежел до околу 450 грама и всушност се смета за предок на сите модерни копитари. Според истражувачите кои стојат зад откритието, ова мало суштество пополнува некои важни празнини во нашето знаење за фамилијата на рани цицачи „периптикидае“ / „periptichidae“, кои брзо ја населиле планетата по исчезнувањето на диносаурусите.

„Откривањето и деталниот опис и споредбите на делумниот череп на ова животно претставуваат важен чекор кон откривање на сложената еволутивна историја на цицачите од семејството ‘периптикидае’“, пишуваат палеонтологот Лукас Вивер од Државниот универзитет во Кент во Охајо и неговите колеги.

По ископувањето на примерокот и неговото чистење, тимот користел софистицирани техники на скенирање, 3Д реконструкција и споредба на забите, споредувајќи ги со забите од други фосили и остатоците од современите животни – за да ги постави овие цицачи на вистинското место на еволутивниот дрво.

Клучот за истражувањето бил доказ дека забите на ова животно се користеле за дробење и џвакање. Ова сугерира дека ова мало суштество на крајот ќе нè одведе низ еволуцијата до кравите, свињите и елените што ги знаеме денес.

Истражувачите пронашле само неколку фосили од ова животно во последните осум години, така што сè уште се потребни дополнителни откритија и студии за да се потврди дека ова мало и прилично слатко животно е навистина она што мислиме дека е.

„Постојаното откривање и проучување на раните палеоценски архаични копитари речиси сигурно ќе открие повеќе примероци кои не се вклопуваат уредно во постојните таксономски канти, принудувајќи нè да се бориме со еволутивната историја која е прилично згрчена и преодна“, пишуваат истражувачите.

Секое ново откритие на фосили им дава можност на истражувачите да го усовршат и преиспитаат моделот на еволуција на Земјата – слично како што поголемата слика доаѓа во поостар фокус – за секој детал.

Локалитетот Корал Блафс, кој палеонтолозите го ископуваат со децении, се покажува како многу вреден извор во помагањето да се реши тој проблем.

Истражувањето беше објавено во списанието „Џурнал од мамалиан еволушн“ (Journal of Mammalian Evolution).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот