Фото: Твитер/Sotiri Dimpinoudis

Неверојатни снимки од Франција: Банди маршираат по улиците и пукаат во воздух (ВИДЕО)

Француската интервентна полиција е испратена во Дижон за да го спречи насилството кое таму изби во текот на судирите на сопернички емигрантски банди кои траат четири ноќи по ред.

Снимките кои изминатите неколку дена почнаа да кружат на интернет изгледаат како да доаѓаат од боиштата во Сирија, каде изминатите години во хаотичната војна учествуваа мноштво вооружени фракции, вклучувајќи ја и Исламската држава и слични исламистички екстремисти.

Меѓутоа, овие снимки доаѓаат од европска земја која не е во војна – Франција.

На нив, тешко вооружена група маскирани луѓе, која изгледа како паравоена формација, позира пред камерите со пушки, пиштоли, метални шипки и барем една секориа, извикувајќи пароли на француски со изразен странски акцент.

Парадираат на улица со пушки и пукаат во воздух

На други снимки може да се види и слушне како истата воооружена група парадира на улица пукајќи од своето оружје во воздух. Но овде очигледно не се работи за прослава, туку за застрашување на непријателот – или целиот град.

Сето ова се случува во францускиот град Дижон, тврди независниот белгиски новинар со грчко потекло Сотири Димпиноудис, кој снимките ги објави на Твитер. Автентичноста на снимката сепак не може независно да се потврди.

„Видеото кое сега го гледате не е снимено во Сирија или некаде на Блискиот Исток, туку на улиците на Дижон во Франција денеска… Членовите на бандите владеат на улиците, тешко вооружени…“, напиша Димпиноудис покрај една од снимките кои ги објави во понеделникот.

Вестите од овој француски град потврдуваат дека овој неверојатен инцидент се случил токму таму и ја расветлуваат позадината на настанот. Имено, француската интервентна полиција е испратена во Дижон за да го спречи насилството кое таму изби во текот на судирите на сопернички емигрантски банди кои траат четири ноќи по ред.

Од една страна е банда составена од чеченски емигранти, која и се гледа на снимките, додека од друга страна банда на имигранит од Северна Африка, односно земјите на Магреб, главно од сиромашниот кварт Гресље. Двете банди се обиделе да ги „израмнат сметките“, рече високиот офицер Бернар Шмелц.

Зголемено присуство на полициски и воени лица по немирите во Дижон / Јуни 2020 / Philippe DESMAZES / AFP / Profimedia

Дижонскиот јавен обвинител Ерик Матијас рече дека Чеченците наводно ги користеле социјалните мрежи за да повикаат на одмазда ширум Франција поради нападот на припадникот на нивната заедница, 16-годишно момче, за што ги обвинија мигрантите од северноафриканскиот Магреб.

Опожарено возило во Дижон / Јуни 2020 / Фото: EPA-EFE/VINCENT LINDENEHER FRANCE OUT / SHUTTERSTOCK OUT
Припадници на полицијата стојат покрај опожарено возило во Дижон / Јуни 2020 / Фото: PHILIPPE DESMAZES / AFP /
Минувачи покрај нередот од немирите / Дижон, Франција / Јуни 2020 / Фото: Philippe DESMAZES / AFP / Profimedia

Воена зона на улиците на Дижон: Вооружени Чеченци се пресметуваа со други групи со автоматско оружје (ВИДЕО)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!