Фото: Принтскрин/Инстаграм

ВИДЕО | Неверојатна појава снимена на врвот на Кеопсовата пирамида: На никого не му е јасно како се случило тоа!

На социјалните мрежи кружи необично видео од Кеопсовата пирамида, најголемата и најстарата од трите пирамиди во близина на Гиза, а воедно и најголемата во светот.

Видеото го снимил авантуристот Алекс Ланг, кој одлучил да ја „заобиколи“ древната градба со параглајдер.

Ланг се искачил над пирамидата на 14 октомври, а кога се доближил до врвот не можел да им верува на своите очи. Здогледал куче како се шета по камените блокови!

„Лаеше по птиците што летаа над неговата глава“, рекол Ланг подоцна.

Корисниците на социјалните мрежи останаа шокирани, а бројни светски медиуми ја пренесоа несекојдневната приказна.

Пирамидата во Гиза е висока 138 метри и е направена од големи блокови варовник, базалт и гранит, па многумина се обидуваа да сфатат како животното се искачило на врвот.

„Тоа е неверојатно искачување! Сосема лудо“, напишал еден, додека друг додал: „Сигурно му требало многу време“.

Многумина се пошегувале на сметка на приказната, пренесува „Дејли мејл“.

„Тоа е сега негова пирамида“, „Па, цел Египет е негов“, „Не е куче, туку Анубис (бог на подземјето, балсамирањето и задгробниот живот)“, гласеле некои од коментарите.

 


Останува нејасно како животното се искачило на врвот, колку долго било таму и уште поважно – како се симнало. Видеото на Алекс Ланг не го открива тоа.

Искачувањето на Кеопсовата пирамида или на која било друга во Египет е забрането со закон. Поради оваа причина, многу туристи избираат да ја видат од параглајдер.

Камените блокови од кои е изградена биле тешки од два до четири тони (во просек 2,5, максимално 7,5).

Тоа е гробницата на фараонот од четвртата египетска династија Кеопс, а заедно со пирамидите Кефрен и Микерин претставува единственото сочувано античко светско чудо.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот