
Нетанјаху: Монструозна лага е дека Израел го убил Чарлс Кирк
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денес изјави дека теориите на заговор преку интернет, во кои се тврди дека Израел е одговорен за убиството на американскиот интелектуалец Чарли Кирк, се „монструозни и големи лаги“ и дека може да ги шират луѓе платени од Катар.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
„Јозеф Гебелс, нацистичкиот министер за пропаганда, рече дека колку е поголема лагата, толку побрзо ќе се шири. Па, некој измислил монструозна голема лага, дека Израел имал некаква врска со ужасното убиство на Чарли Кирк. Ова е лудо. Лажно е. Скандалозно е“, рече Нетанјаху во видео изјава објавена на Платформа X, како што објави „Тајмс оф Израел“.

Нетанјаху го пофали Кирк за неговиот произраелски активизам, додавајќи дека разговарале неколку пати и дека неодамна го поканил Кирк да го посети Израел.
Теоретичарите на заговор тврдат, без докази, дека еврејската држава стои зад атентатот, поради благите критики на Кирк кон политиките на Израел.
Нетанјаху рече дека го поздравува повремено поинаквиот поглед на Израел затоа што „тоа е суштината на Чарли, суштината на слободната земја“ и затоа што знае дека предлозите на Кирк „секогаш доаѓаат од срце, од неговата љубов кон Израел и од неговата љубов кон еврејскиот народ“.
„Сега некои ги шират овие одвратни гласини – можеби од опсесија, можеби со финансирање од Катар“, рече Нетанјаху.
Тој исто така изјави дека Кирк заслужува „чест, а не лаги“.