Нетанјаху и неговите генерали тајно сакаат да ја завршат војната во Газа?

EPA-EFE/ABIR SULTAN

Израелскиот весник Хаарец објави политичка анализа на колумнистот Аншел  Фафер, во која се наведува дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и генералите на израелската армија „тајно сакаат да ја прекинат војната“ во Појасот Газа.

Авторот истакнува дека Нетанјаху секогаш сака да има што е можно повеќе опции и заклучил дека му е потребна опција за завршување на војната. Тој верува дека мотивите на Нетанјаху за запирање на борбите се разликуваат од оние на неговите генерали.

Израелскиот премиер во моментов е подготвен да ја разгледа опцијата за завршување на војната, иако – од очигледни политички причини – не може да го каже тоа.

Формирана вонредна влада во Израел со Нетанјаху и Ганц/Фото: ЕPА-EFE

Истото важи и за двајцата членови на Воениот кабинет, Бени Ганц и Гади Ајзенкот, кои јавно велат дека војната мора да продолжи по кратка пауза поради договорот за заложници.

Според Фафер, началникот на Генералштабот Херци Халеви ја дели истата позиција како Ганц и Ајзенкот, што им го посочил на семејствата на заложниците што ги сретнал пред две недели. Тој рече дека армијата „постигнала 80 отсто од своите цели во Газа“, а останатите 20 отсто може да чекаат.

Исто како Нетанјаху, тројцата лидери не можат да кажат како сакаат да заврши војната во Газа, но бараат начин да ја прекинат.

Авторот ги посочува  причините кои ги наведуваат овие израелски лидери да бараат начин за ставање крај на војната во Газа, а за разлика од Нетанјаху, тие имаат помалку лични и политички причини.

Хамас Газа тунел / Фото: Yousef Masoud/SOPA Images / Shutterstock Editorial / Profimedia

Долготрајната борба против Хамас

Според весникот, тројцата воени функционери  се свесни  дека секоја реална кампања за искоренување на контролата на Хамас во Газа ќе трае со години и може да се преземе само откако безбедносните сили на палестинската управа ќе можат да почнат да ја преземаат контролата врз областа.

За такво нешто треба време и нова влада во Израел. Министрите Итамар Бен-Гвир и Безалел Смотрич прават се што е во нивна моќ да го спречат тоа да се случи додека тие се министри.

Ганц, Ајзенкот и Халеви, исто така, се загрижени за заморот од војната и заморот на израелското општество и потребата да се обноват редовните и резервните единици во израелската армија.

Покрај војната во Газа, тие се повеќе се загрижени дека ситуацијата на северната граница и ограничениот конфликт со Хезболах може да излезе од контрола.

Затоа, неопходно е да се стави крај на конфликтот во Појасот Газа и да се реши проблемот со Хезболах, преку голема воена операција или постигнување политичко решение преку дипломатски средства.

Најважно од се, според авторот на анализата, е тоа што знаат дека се намалуваат шансите затворениците што ги држеше отпорот во Газа да бидат вратени живи како што поминува времето и продолжува војната.

Иако авторот истакна дека прекинот на огнот нема да значи продолжен период на мир во Газа, тој смета дека следната рунда на конфликт со Хамас е неизбежна, но може да биде поограничена и не треба да се случи веднаш.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот