Нетанјаху: Хамас ќе се вооружи доколку Израел не го контролира коридорот Филаделфија

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху рече дека Израел мора да има контрола над коридорот Филаделфија долж границата меѓу Појасот Газа и Египет, објави Гардијан. Стоејќи пред голем екран со карта на Газа, посочи дека Хамас ќе се вооружи доколку Израел не го контролира коридорот Филаделфија.

Тој додаде дека Израел „мора да остане обединет“, бидејќи се соочува со „брутален непријател кој сака да не убие сите“.

Во врска со изјавата на американскиот претседател Бајден што ја пренесуваат светските медиуми, дека смета оти израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху не се труди доволно за да се постигне договор за прекин на огнот со Хамас, предизвика реакција кај шефот на Владата на Израел.

Тој изјави дека не верува оти Бајден навистина рекол дека Нетанјаху не прави доволно за прекин на огнот.

Израелскиот лидер рече дека разговарал со семејствата на шестмина заложници чии тела биле пронајдени во тунел во Газа за време на викендот.

Тој рече дека побарал од семејствата прошка бидејќи заложниците не биле спасени живи.

– Бевме блиску до тоа, но не успеавме – рече Нетанјаху.

Запрашан дали ја прифаќа личната одговорност за смртта на шесте заложници, тој рече дека навистина жали што тие не биле вратени дома, негирајќи дека заложниците биле убиени поради инсистирањето на Израел да ја задржи контролата врз стратешкиот коридор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот