Бенјамин Нетанјаху, премиер на Израел/Фото: EPA-EFE/JACK GUEZ / POOL

Нетанјаху го обвини премиерот на Белгија дека признавањето на Палестина е „еквивалентно на тероризмот“

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денес го критикуваше белгискиот премиер Барт де Вевер, нарекувајќи го „слаб лидер кој се обидува да го смири исламскиот тероризам со жртвување на Израел“, еден ден откако Брисел објави дека ќе признае палестинска држава.

„Белгискиот премиер Барт де Вевер сака да го нахрани терористичкиот крокодил пред да ја проголта Белгија“, соопшти кабинетот на израелскиот премиер во објава на социјалната мрежа X, додавајќи дека Израел „ќе продолжи да се брани“.

Владата на Израел го изрази своето незадоволство од најавите на Франција, Велика Британија, Канада, Австралија, а сега и Белгија, дека формално ќе признаат палестинска држава за време на состанокот на светските лидери во седиштето на Обединетите нации во Њујорк овој месец.

Претходно, министерот за надворешни работи на Белгија, Максим Прево, објави дека Белгија ќе се придружи на групата земји кои ќе ја признаат државата Палестина на овогодишната сесија на Генералното собрание на ОН и ќе воведат санкции врз Израел поради војната во Газа.

Признавањето на Палестина би било формализирано само ако Хамас ги ослободи сите преостанати израелски заложници земени во нападот на 7 октомври 2023 година и ако милитантната група „веќе нема никаква улога во управувањето со Палестина“, рече Прево, објави Политико.

Во меѓувреме, Белгија, исто така, ќе воведе „строги санкции“ врз израелската влада, објави белгискиот министер.

Прево рече дека двајца „екстремистички“ израелски министри, неколку „насилни доселеници“ и лидери на Хамас ќе бидат прогласени за „персона нон грата“ во Белгија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!