
Несторовски: Имаме добра шанса, можеме да ја елиминираме Италија
Илија Несторовски својот последен натпревар за македонската А репрезентација го имаше лани на 28 март во победата од мундијалските квалификации против Лихтенштајн (5:0) во која постигна и еден гол.
Препорачано
Следуваше повреда поради која ги пропушти следните квалификациски мечеви за пласман на Светското првенство, како и голем број дуел во италијанската Серија А.
Успешно се опорави, во Удинезе добива мала минутажа со цел повторно се врати во потребната форма и секако да им се врати на головите. Од клупата за резерви го гледаше ремито со Џенова во шампионатот, а доби 13 минути во елиминацијата од Купот на Италија против Лацио.
Поради повредата паузираше од крајот на април минатата година до 24 октомври кога се најде во составот за дуелот против Аталанта во првенството.
Воглавно се наоѓа на клупата, имаше 45 минути во пријателскиот меч со Копер на 13 ноември, одигра 12 минути во поразот од Емполи на 6 декември, па 26 минути на 14 декември против Кротоне. Годинава, како што веќе спомнавме ги има само тие 13 минути против Лацио.

Нашиот Нестор-гол посакува што поскоро да се врати во репрезентативниот дрес, а желба му е да биде во составот на Благоја Милевски за полуфиналниот меч против Италија на гостински терен на 24 март во баражот за СП 2022 Катар, како што се најавува во Палермо во град каде што Несторовски имаше одлични перформанси за тамошниот клуб.
Победникот од мечот Италија – Македонија во финалето за пласман ќе игра против подобриот од пресметката Португалија – Турција.
– Мислам дека можеме да ја елиминираме Италија. Кога учествувавме на Европското првенство, им докажавме на сите дека ние сме храбра репрезентацијата бидејќи имавме многу силни противници. Исто така покажавме колку сме добри победувајќи ја Германија во квалификациите за СП. Севкупно, мислам имаме добра шанса – рече Несторовски во интервјуто за турскиот медиум „haberturk.com“.