Илустративна фотографија за развод на брак меѓу повозрасни лица / Фото: Iuliia Zavalishina / Alamy / Profimedia

Несреќни сте во бракот? Пет причини поради кои разводот може да биде добар избор

Ако подолго време чувствувате дека брачната заедница не ве исполнува, наместо сигурност и блискост доживувате фрустрации и незадоволство, тогаш веројатно се прашувате дали разводот е вистинскиот чекор. Како што ни стапувањето во брак не е одлука што треба да се носи лесно, така и одлуката за развод бара сериозна проценка.

„Разводот е лична одлука, иако е комплициран, понекогаш е единствено здраво решение ако постои физичко, емоционално или финансиско насилство“, објаснува Карен Такер, лиценциран советник за ментално здравје.

Според неа, прашањето не е „дали треба да се разведам“, туку „дали сакам и ми е потребен развод?“ Одговорот се добива преку самопроценка, размислување за сопствените чувства, опции и реалната состојба во бракот.

Пет причини поради кои разводот може да биде здрав избор:

1. Присуство на физичко насилство

Физичко насилство или закани со него никогаш не се прифатливи. Дури и самата закана создава опасна средина. Во вакви ситуации, разводот е неопходен чекор кон безбедност.

2. Емоционално или вербално малтретирање

Омаловажувањето, навредите и редовното потценување ја уништуваат самодовербата и емоционалната стабилност. Ако вашата комуникација постојано е деструктивна, тоа е сериозна „црвена ламба“.

3. Финансиско малтретирање

Кога партнерот ги контролира сите финансии, крие информации, забранува работа или пристап до сметки, тоа создава чувство на заробеност. Ова е чест механизам на семејно насилство.

4. Проблеми со неверство и недоверба

Партнерската доверба е темел на секоја врска. Неверството, било физичко или емоционално, често води кон длабоки последици – анксиозност, траума и раздор. Ако довербата е трајно нарушена, разводот може да биде ослободувачка опција.

5. Обиди за решавање без резултат

Ако веќе сте презеле чекори за подобрување на односот, разговори, компромиси или советување, но ништо не функционира, тогаш можеби сте стигнале до ќорсокак. Недостигот од вложеност и поддршка е валидна причина за прекин на заедницата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот