Том Холанд - Фото: Pictorial Press, Pictorial Press Ltd / Alamy / Profimedia

Несреќа на снимањето на новиот „Спајдермен“: Том Холанд заврши во болница, падна и си ја удри главата

Британскиот актер Том Холанд (29) беше хоспитализиран откако се повреди за време на снимањето на новиот филм „Спајдермен“ во петокот, објави „Дејли мејл“.

Според извештаите, тој паднал и ја удрил главата додека снимал сцена и бил однесен во болница со брза помош со сомнение за потрес на мозокот. Се очекува снимањето да продолжи за неколку недели, откако Холанд ќе се опорави.

Актерот се појави на добротворна вечера во Лондон во неделата, заедно со својата партнерка Зендаја, но наводно си заминал порано бидејќи не се чувствувал добро.

Претходно беше објавено дека премиерата на новото продолжение на Спајдермен е поместена за 31 јули 2026 година, но повредата на Холанд би можела да влијае на тоа и повторно да го помести датумот.

И Холанд и Зендаја беа многу зафатени во последно време бидејќи и двајцата ќе се видат во новиот филм на Кристофер Нолан „Одисеја“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот