Гробиштата во Ѓорче Петров / фото: АД Бутел

Непознати вандали осквернавиле 30 гробови на гробиштата во Ѓорче Петров

Вработени во скопското јавно погребно претпријатие „Бутел“ вчера пријавиле во полиција дека ноќта меѓу 9 и 10 јули, на гробиштата во Ѓорче Петров биле осквернавени 29 гробови, соопшти МВР.

„На 10.07.2025 во 13:50 часот во СВР Скопје, вработен во АД „Бутел“ пријави дека на 09./10.07.2025 на градски гробишта-Ѓорче Петров биле оштетени 29 споменици и надгробни плочи. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, пишува во полицискиот билтен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот