
Неодоливо вкусни: Италијански рецепт за полнети ролнички од тиквички со сирење
Има ли подобро летно јадење од вкусните тиквички кое може да се подготви на безброј начини? Чипс, салати, чорби и супи, полнети или празни, како прилог или главно јадење, навистина има многу јадења што можеме да ги направиме од тиквички и да уживаме во лесен, здрав и вкусен оброк.
Препорачано
Интересно е што, ботанички гледано, тиквичките се всушност овошје, а Французите со векови не сакале да ги прифатат како храна бидејќи ги сметале за благи и премногу водени. Така беше се додека не го измислија најпознатото француско јадење од зеленчук, традиционалниот рататули, кој во основа содржи тиквички и денес го сака целиот свет.
Доколку ви здодеаа вообичаените рецепти со тиквички, подгответе вкусни и убави ролнички од тиквички полнети со колбаси, спанаќ и рикота . Доколку не сте љубители на месо, колбасот заменете го со варен грашок и уживајте во вкусно вегетаријанско јадење.

Состојки:
3 големи тиквички
350 г свежи колбаси
400 г свеж спанаќ
4 чешниња лук
2 супени лажици маслиново масло
200 г урда
150 г пармезан
150 г моцарела
1 јајце
сол, бибер, босилек, мелен црвен пипер
1 тегла сос Арабиата или сос од домати
Подготовка:
1. Тиквичките добро измијте ги и тенко исечкајте ги по должина. На плех ставете хартиени крпи, наредете ги тиквичките, добро посолете ги и покријте ги со хартиени крпи за да се ослободи вишокот течност. Оставете ги да седат така најмалку 20 минути.
2. Подгответе го филот. Убаво исецкајте ги колбасите на ситни парчиња и пропржете ги во длабока тава на малку масло. Извадете ги колбасите на страна.
3. Во истото тавче ставете малку масло и лук и додадете го грубо сечканиот спанаќ. Мешајте додека спанаќот не омекне, околу пет минути.
4. Во колбасите додадете го подготвениот спанаќ, моцарела , рикота , пармезан и јајце. Зачинете со сол, бибер, босилек и црвен пипер. Оставете малку моцарела на страна за да ги посипете ролничките пред печење.
5. Отстранете ги хартиените крпи од тиквичките и соберете го вишокот течност. Врз секоја тиквичка ставете по две лажици фил и внимателно завиткајте во ролна.
6. Во сад за печење ставете тегла Арибиата сос, наредете ги ролничките, посипете со моцарела и печете 25 минути на 200 степени Целзиусови.