Фото: Принтскрин/Инстаграм

Неодолив есенски рецепт од Стефанија Несторовска: Леб со банана и цимет

Младата инвентивна Стефанија Несторовска, која стои зад инстаграм-профилот snestorovska, денеска приготви банана-цимет есенски леб, за уживање во сезоната на постудени денови.

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Состојки:

– 2 средни банани (пасирани, да бидат во количина од 1 шолја)
– 2 јајца
– 72 грама (1/3 шолја) кокосово масло, стопено
– 105 грама (1/3 шолја) јаворов сируп (или друг течен засладувач)
– 60 грама (1/4 шолја) млеко од бадеми (или млеко по желба)
– 225 грама (2+1/4 шолја) овесно брашно (овес сомелен во блендер)
– 1 лажичка цимет
– 2 лажички прашок за печиво

За вкус со цимет (по желба, но препорачливо):

– (1/4 шолја) пире од јаболка
– (1/4 шолја) кокосов шеќер (или кафеав шеќер)
– 1 лажичка цимет

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Начин на подготовка:

Се загрева рерната на 170 степени и се поставува хартија за печење на тава за печење леб.
Во голем длабок сад се додаваат пасираните банани, јајцата, кокосовото масло, јаворовиот сируп и млекото. Убаво се промешува за да се изедначат и соединат состојките.
Во помал длабок сад се додаваат сите други состојки (овесно брашно, прашок за печиво, цимет) и се промешува. Оваа смеса се додава на течната смеса во големиот сад и се меша сѐ додека убаво не се соедини. Сите состојки треба да бидат соединети со што е можно помалку грутки. Притоа, смесата треба да биде густа.
Во мал, длабок сад се додаваат сите состојки за вкусот со цимет. Се промешува за да се соединат, па садот се трга настрана.
Во тавата за печење леб се додава половина од подготвената смеса за банана леб. Не мора да биде точно половина, не е толку важно, така од око. Се израмнува со лажица или шпатула.
Со лажица се додава од смесата со цимет на банана лебот на одредени места, а потоа со нож се разнесува и се прават кружни движења. Не мора да биде совршено, она што го бараме е оној „мермерен ефект“.
Се додава остатокот од банана лебот врз смесата со циметот, а потоа се додава и остатокот од таа смеса на истиот начин.
Се пече 50 минути, односно додека не добие златеста боја и кога со нож или чепкалка ќе се боцне и ќе излезе чисто без остаток од смесата.
Лебот, пред да се исече, се остава малку да се излади.

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Забелешки и совети:

→ Вкусот на цимет не е неопходен, може да го направите лебот и без него и ќе биде подеднакво вкусен, меѓутоа, моја препорака е да го пробате и на овој начин. Превкусно е.
→ Млекото од бадеми може да се замени со какво било млеко по желба.
→ Кокосовиот шеќер може да се замени со кафеав шеќер. Исто така, може да се замени и со течен засладувач како мед, агаве, јаворов сируп и слично, со тоа што нема да го има оној зрнест шмек.
→ За да го направите посно, веганско, може да користите „јајце од ленено семе“. 2 лажици мелено ленено семе + 5 лажици вода. Се мешаат во мал сад и се остава десетина минути да се направи како гел. Се користи во лебот, според истата постапка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот