Необична ситуација во Мадрид: Реал го демантираше Анчелоти

Фото: EPA-EFE/ANDY RAIN

Изненадувачка беше денешната изјава на Карло Анчелоти во која порача дека Реал Мадрид нема да игра на Светското клупско првенство кое ФИФА ќе го организира во сезоната 2024/2025, а сега пристигна демант.

Реал Мадрид нема да игра на Светското клупско првенство на ФИФА Еден меч на Реал Мадрид вреди 20 милиони евра, а тие ни ги даваат тие пари за цел турнир. Реал Мадрид како и други клубови, ќе ја одбие поканата“, гласеше изјавата на Анчелоти.

Попладнево сепак пристигна демант од таборот на „кралевите“.

„Реал Мадрид сака да соопшти дека во ниту еден момент прашањето на учеството на Светското клупско првенство 2024/2025 не било доведено во прашање. Нашиот клуб ќе учествува како што е планирано и ние сме горди што сме вклучени во него и што повторно ќе инспирираме навивачи ширум светот во борбата за уште еден трофеј“, стои во соопштението на Реал.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот