Фото: Sebastian Duda / Panthermedia / Profimedia

Нема веќе дилема, научниците тврдат: Јајцето е постаро од кокошката

Долго трае расправата за тоа – што е постаро, јајцето или кокошката? Научниците понудија свои мислења, а и филозофите, исто така, придонесоа за дебатата низ историјата.

Според науката, сепак, јајцата се постари од кокошките. Разни видови животни, меѓу кои и диносаурусите, снесувале јајца долго пред да се појават кокошките на Земјата. Значи, имајќи ја еволуцијата предвид, јајцето е постаро.

Се поставува прашањето – дали всушност се мисли на кокошкино јајце? Ако се зборува за јајце снесено од кокошка, тогаш кокошката би била прва. Меѓутоа, ако гледаме на јајцето како општ поим, без разлика на видот – тогаш јајцето е на прво место, објаснува „Би-би-си сајенс фокус“.

Освен тоа, јајцето е една клетка, којашто потоа се развива во тело на пиле, кое пак, израснува во кокошка или петел.

Значи, одговорот на ова прашање зависи од дефиницијата за јајцето и кокошката и толкувањето на еволутивната историја. Со оглед на „сложеноста“ на прашањето, може да се каже дека ова прашање најчесто се поставува од филозофско гледиште.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот