
Нема сонце без светлина и нема човек без љубов – Најпознатите мудри мисли на Гете
Јохан Волфганг фон Гете бил германски писател, политичар, поет, научник и филозоф. Тој е една од најзначајните фигури на германската литература и европскиот неокласицизам и романтизам кон крајот на 18 и почетокот на 19 век. Роден е на 28 август 1749 година, а починал на 22 март 1932 година, на 82-годишна возраст. Негови најпознати дела се „Фауст“ и „Теорија на бои“, кои инспирираа многу музички и драмски дела.
Препорачано
Погледнете некои од неговите најинтересни изреки.
Најголемото искушение е сиромаштијата. Гладот ја тера и најмудрата риба до јадицата.
Ако сретнеме некој кој ни должи благодарност, веднаш се сеќаваме на тоа. Колку пати сме сретнале некој кому му должиме благодарност, а не сме се сетиле на тоа.
Нема сонце без светлина и нема човек без љубов.
Човек може да го сака само тоа битие за кое е сигурен дека ќе биде присутно кога ќе му треба.
Секогаш имаме доволно време ако го користиме правилно.
Тешкотиите се зголемуваат колку повеќе се приближуваме до целта.
Кога жената има добар сопруг, тоа и се гледа на лицето.
Подобро е да бидеш измамен од пријателите отколку ти да ги измамиш нив.
Човекот може сè, само ако сака.
Кажи ми со кого се дружиш и јас ќе ти кажам кој си. Ако знам со што се занимаваш, тогаш знам што можеш да станеш.
Ако сакаш добра жена, биди чесен маж!
Кој не прави ништо за другите, не прави ништо ни за себе.