Зеленски Макрон фото: EPA/CHRISTOPHE PETIT TESSON

Нема силен одговор од глобалните актери на убиствата на украинските цивили

Нема доволно силен одговор од глобалните актери на убиствата на украински цивили, изјави вечерва украинскиот претседател Володимир Зеленски во врска со убиствата на жителите на селото Јарова во регионот Донецк кои чекаа во ред за пензии.

„Ова е само еден од многуте удари што Русите им ги нанесуваат на Украинците секој ден – на нашиот народ, на нашата држава. Русите продолжуваат да убиваат и е ужасно што нема доволно силен одговор од глобалните актери. Токму ова Путин го гледа како дозвола за продолжување на борбата – ако нема силен притисок, ако нема доволно силен одговор“, рече Зеленски во вечерното видео обраќање, објави Укринформ.

Според Зеленски, без нови санкции, нема да има напредок во дипломатијата и во сите напори за завршување на војната. „Времето е исто така важно.

Предолго време немаше зголемен притисок врз Русија што би ја погодил забележливо и без одлагање руската воена машинерија – токму оние индустрии и области што имаат влијание врз агресијата“, рече Зеленски, според Танјуг.

Руските сили фрлија наведувана воздушна бомба врз селото Јарова, при што загинаа 24 цивили, а 19 беа повредени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот