Фото: Слободен печат/Дестан Јонузи

Нема протести за „Монструм“, братот на Ел-Чека иако најави не се појави во Чаир

Нема протести против пресудите за случајот „Монструм“. Блерим Амети не се појави на најавениот протест кај паркот во населба Чаир. Тој иако го најавил истиот во полиција во телефонски разговор вели дека поради најави од Владата за престој на делегаци истиот го одложиле за наредниот период.

Инаку, организаторот Блерим Ахмеди е братот на контроверзниот Ел-Чека кој ја шокираше јавноста со објавените „бомби“ односно прислушувани телефонски разговори за низа криминални активности на на високи функционери на ДУИ.

Претходно и потпаролот на МВР, Тони Ангеловски во изјава за „Слободен печат“, информира дека Ахмети денешниот протест го пријавил уредно во МВР.

Од денешниот протест во изјава за „Слободен печат“ се огради членот на семејствата на осудените во случајот Монструм, Бедри Ајдари. Тој најави дека ќе протестира на 2 април.

Ајдари за Слободен печат: Се дистанцирам од денешните протести за Монструм, ние ќе протестираме на 2 април

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот