Воспитно-поправен дом „Тетово“ / Фото: Принтскрин

Нема настава во воспитно-поправниот дом „Тетово“ — Министерството за образование молчи за проблемот

Народниот правобранител веќе реагирал во Министерството за образование и наука, но оттаму го игнорираат и не му одговараат на реакциите што учебната година во воспитно-поправниот дом „Тетово“ не е почната, објави „Сакам да кажам“.

Наставата во Воспитно-поправниот дом (ВП) „Тетово“ во Волковија не почна на 1 септември. Убавите училници таму фаќаат прашина, а во домот има деца – основци, но и малолетни лица кои треба да учат средно образование, објави порталот „Сакам да кажам“ (СДК).

Народниот правобранител веќе реагирал во Министерството за образование и наука (МОН), но оттаму го игнорираат и не му одговараат на реакциите што учебната година во Домот не почнува.

Образованието е основно човеково право, загарантирано со Уставот, право на секое дете, а непосетувањето основно и средно образование се казнува со закон, потсетува порталот. Државата, се додава во текстот, само ги затвора овие деца за сторени полесни кривични дела, а потоа не им дава да учат, односно да се ресоцијализираат.

Од Воспитно-образовниот дом „Тетово“ велат дека до МОН испратиле списоци на ученици кои треба да посетуваат настава од основно и од средно образование. Од институцијата велат дека таа има одлични услови за физичка и за онлајн настава, но и оти од Министерството зависи дали ќе има настава и кога таа би почнала.

На прашањето на „СДК.мк“ до МОН, односно до министерката Весна Јаневска, зошто сѐ уште не почнала настава за штитениците во ВП Дом „Тетово“ и зошто МОН го игнорирало Народниот правобранител кога праќал дописи и ургенции поради игнорирање на дописите, порталот досега не добил одговор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот