Рудари /Фото: EPA/HOSSEIN FATEMI

Нема барања за експлоатација на руда во Нови Пазар, тврдат српските власти

Министерството за рударство и енергетика на Србија соопшти дека во моментов нема барања за експлоатација на руда на подрачјето на општина Нови Пазар, но во тек се само неколку истраги. Според Министерството, компанијата „Златна река ресурси д.о.о“ од Белград има дозволи за вршење на геолошки истражувања на локалитетите Леча на Рогозна, Златни Камен, Шанац на Рогозна и Пасји Поток, а сите се наоѓаат на територијата на Нови Пазар.

За локациите Леча, Златни Камен и Пасји Поток издадени се дозволи за истражување на други фирми, тие се префрлени на „Златна реку ресурси д.о.о“. Согласно Законот за рударско-геолошки истражувања, таа компанија, како што се наведува во соопштението, известува до Министерството за извршените истражувања на одобрените истражни полиња, објави Нова.рс.

„Во текот на истражниот период беа откриени одредени потенцијали кога зборуваме за руди кои содржат бакар и злато, но секако понатамошните истражувања ќе покажат дали предметните локалитети содржат таков вид метална содржина за да може да се смета за ветувачка од аспект на можна експлоатација“, соопшти Министерството за рударство и енергетика.

По завршувањето на истражувањето, како што се додава, се прави елаборат за резервите и ресурсите, врз основа на кој се утврдуваат и сертифицираат резервите и ресурсите на одредена руда. Дури по доставениот извештај и неговата анализа може со сигурност да се зборува за точната количина и квалитет на резервите на тој простор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот