Стефан и Мартин Филиповски од „Нект тајм“ / Фото: Инстаграм/„Некст тајм“/Кристијан Теодоров

„Некст тајм“ ги одложија концертите во Германија поради трагедијата во Кочани: „Бог да им даде сила на сите во вие тешки мигови!“

Музичкото дуо „Некст тајм“ ја извести јавноста дека ќе ги одложи претстојните концерти во Германија поради поради големата трагедија што се случи во Кочани во неделата наутро, кога разорен пожар го зафати ноќниот клуб „Пулс“ за време на концертот на музичката група „ДНК“.

Стефан и Мартин Филиповски од „Некст тајм“ требаше да одржат концерти во Хамбург, на 21 март, и во Берлин, на 23 март, но засега нема нови датуми кога ќе се одржат.

„Во овие моменти на тага и болка, сакаме да им изразиме длабоко сочуство на сите оние кои ги изгубија своите најмили во трагедијата која се случи во Кочани!

Сакаме да Ве известиме дека претстојните концерти во Хамбург на 21.3.2025 и во Берлин на 23.3.2025 ќе бидат одложени на неопределено време. Повеќе информации за овие настани ќе бидат објавени наскоро, по завршувањето на деновите на жалост.

Бог да им даде сила на сите во вие тешки мигови!“, стои во нивното соопштение.


Да потсетиме, според официјалните податоци, во разорниот пожар загинаа 59 лица, а 155 луѓе се повредени. Меѓу настраданите се и членови на „ДНК“ – пејачот Андреј Ѓорѓиески, придружниот вокал Сара Пројковска, гитаристот Андреј Коларов, тапанарот Ѓорѓи Ѓорѓиев, пијанистот Филип Стевановски, битбоксерот Мартин Атанасовски – Буцо, тонецот Игор Велков, како и официјалниот фотограф на групата Александар Ефремов.

Владимир Блажев – Панчо, според неофицијалните информации е хоспитализиран, додека за придружниот вокал Ана Костадиновска нема информации.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот