Фото: PickPic

Неколку улици во Карпош и Кисела Вода денес неколку часа ќе бидат без вода

Без вода неколку часа денеска ќе бидат делови од улиците „Женевска“ и „Јоаким Осоговски“ во општината Карпош и „Салвадор Аљенде“ во општината Кисела Вода. Причина за прекинот на водоснабдувањето е изведување водоводен приклучок, соопшти ЈП Водовод и канализација.

Прекинато водоснабдувањето од 9 часот до завршување со работните активности ќе имаат корисниците на дел од улиците „Женевска“ и ул.„Јоаким Осоговски“ во општината Карпош поради изведување на водоводен приклучок ф-125 мм на ул.„Женевска“ 5.

Прекинато водоснабдување од 10:30 часот до завршување со работните активности ќе имаат корисниците на дел од улицата „Салвадор Аљенде“ во општината Кисела Вода поради изведување на водоводен приклучок ф-80 мм на ул.„Салвадор Аљенде“ 58.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот