
Неколку трикови како да се намали количината на прашина во вашиот дом
Бришењето прашина често изгледа како сизифовска задача – штом ја избришете, се акумулира нова. Покрај непријатностите од постојаното чистење, ако вие или некој со кој живеете страда од алергии, прашината и грините можат да бидат целосно штетни за вашето здравје.
Препорачано
Според „Мери Мејдс“ („Merry Maids“), oва се неколку совети за чистење, со кои ќе ја намалите прашината во вашиот дом.
Соблeкувајте ги чевлите
Бројни култури ширум светот ја следат оваа практика со векови. Не само што вашиот дом ќе биде на повисоко ниво на хигиена, туку и ќе спречите влез на многу бактерии и нечистотии. Повеќето луѓе практикуваат да ги соблечат чевлите кога влегуваат во својот дом, тоа го прават во ходникот или пред вратата. На овој начин тие го заштитуваат домот и себеси од разни натрапници и зголемена количина на прашина.
Користете стари весници и летоци
Кога го опремувате вашиот дом, мебелот од подот до таванот е најдоброто решение, бидејќи покрај просторот за складирање, ќе имате помала површина за акумулација на прашина. Ако веќе имате мебел што не стигнува до таванот, ставете стари весници, хартии или флаери на неговата површина. Ова ќе го штити мебелот од нечистотија, ќе ви го олеснува чистењето, а ќе биде потребно периодично да го чистите, со замена на хартијата со нова.

Одржувајте го текстилниот мебел
Текстилниот мебел, тепихот, софите, фотелјите и столовите се еден вид собирачи на прашина, па затоа е многу важно да се исчистат темелно и на време. Правосмукалката ја отстранува прашината од површината, па дополнително текстилниот мебел можете да го посипете со сода бикарбона и да попрскате со малку оцет и есенцијално масло. Откако смесата ќе отстои 30 минути, потоа ќе можете мебелот длабински да го исчистите. Доколку имате теписите, најдобро е да се протресуваат од време на време или редовно да се носат на хемиско чистење.
Ослободете се од вишокот предмети
Борбата против прашината е бесконечна, па колку повеќе мебел и предмети имате во вашиот дом, толку е потешко да се ослободите од малите честички нечистотија. Ослободете се од предметите што не ви требаат. Секој предмет и парче мебел бара редовно чистење. Колку повеќе работи имате, толку е поголема концентрацијата на прашина и поголема е површината за чистење. Со отстранување на вишокот предмети, добивате пристап околу и под секое парче мебел за детално да го исчистите секој скриен агол од вашиот дом.