
Некој и ќе профитира од „лудата“ трка во Хрватска: Билети за натпреварот на Риека се продаваат по цена од 250 евра
Хрватската фудбалска сцена овој викенд ќе биде сведок на кулминацијата на едно од највозбудливите првенства во последните години. Тимот на Риека се наоѓа на чекор до освојување на втората титула во клупската историја и сам ги држи конците во своите раце. Доколку слави над Славен Белупо на домашен терен во недела од 17 часот, титулата заминува на „Рујевица“, без разлика на резултатите на главните ривали, Динамо Загреб и Хајдук.
Препорачано
Во пресрет на последното коло, Риека и Динамо имаат по 62 бодови, додека Хајдук заостанува само два, со 60. Но, за разлика од нив, Риека не мора да гледа во „туѓ двор“, победа им е доволна за златниот пехар.
Очекувано, интересот за натпреварот е огромен. Стадионот „Рујевица“, со капацитет од нешто над 8.000 гледачи е распородаден и многумина кои останаа без билет, сега се обидуваат да најдат начин да бидат дел од фудбалската историја, па дури и по висока цена.
На „црниот пазар“ се нудат билети за источната трибина по цена од дури 250 евра, иако официјалната цена изнесуваше 20 евра за членовите на клубот и 40 за останатите.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
12мин
-
41мин
-
1час
-
2час
-
2час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5