
Некогашната холивудска надеж: На 19 години ме советуваа да имам секс со Дикаприо за да успеам
Американската актерка Миша Бартон доживеа светска слава со нејзината улога во тинејџерската телевизиска серија „The O.C.“.
Препорачано
Серијата се емитуваше од 2003 до 2007 година, а тогаш 19-годишната Бартон важеше за една од најголемите холивудски надежи, актерка на која ѝ предвидуваа голем број успешни филмски улоги.
Нејзиниот менаџер Крег Шнајдер, меѓу другото, ја советувал дека треба да спие со познатиот актер Леонардо Дикаприо за да успее во Холивуд, пишува „Дејли мејл“.
View this post on Instagram
Во тој период, Дикаприо имал околу 30 години и само што излегол од шестгодишната врска со бразилската манекенка Жизел Бундшен.
„За доброто на твојата кариера, оди и спиј со тој човек“, ѝ рекол тогаш менаџерот, а таа само му одговорила: „Зарем тој нема околу 30 години?“.
Оваа нејзина „исповед“ доаѓа по написите во жолтата штампа дека, моментално, Дикаприо е во романтична врска со 19-годишната манекенка Еден Полани. Извори блиски до актерот неодамна ги демантираа овие наводи.
Актерот е познат по своите романтични врски со девојки кои не се постари од 25 години.
Прочитајте повеќе на темата:
Новата девојка на Дикаприо е средношколка: Еден е 29 години помлада од холивудскиот шармер
Џиџи Хадид е аут: Новата девојка на Дикаприо е две години помлада од „Титаник“