Фото: Profimedia / instagram

Нејзиниот татко би бил горд: По шест години Ким Кардашијан конечно дипломираше на правен факултет

Светски познатата ријалити ѕвезда Ким Кардашијан (44) конечно го оствари својот долгогодишен сон. По шест години интензивно учење и труд, Ким дипломираше на правен факултет и го прослави своето дипломирање на приватна церемонија организирана од нејзините најблиски пријатели.

„Сите бевте со мене на ова патување“, емотивно изјавила Ким Кардашијан во својот говор за време на церемонијата, несвесна дека она што го сметаше за „обичен семеен бранч“, всушност ќе биде церемонија на дипломирање.

Фото: Принтскрин / Инстаграм

Според нејзините ментори, Ким посветила неверојатни 5.184 часа учење за ова достигнување – 18 часа неделно, 48 недели годишно во текот на шест години.

„Тоа е времето што го одвои додека одгледуваше четири деца, водеше бизниси, снимаше телевизиски емисии и се појавуваше на судови застапувајќи ги другите“, истакнала нејзината менторка.

Фото: Принтскрин / Инстаграм

Ким Кардашијан избра елегантен фустан за оваа посебна пригода – сив џемпер, кожно здолниште, црни хулахопки и бели високи потпетици, а за да ја направи церемонијата „вистинска“, таа носеше и капа што ја носат сите дипломирани.

Фото: Принтскрин / Инстаграм

Имаше и трогателен момент кога се појави нејзиниот петгодишен син Псалм Вест, облечен во беж костум инспириран од неговиот покоен дедо, познатиот адвокат Роберт Кардашијан Постариот.

Ким го започна своето „правно патување“ во 2019 година, откако, како што вели самата, била „запрепастена“ од видео што го видела на Твитер. Нејзиниот пат до дипломирање не беше без пречки – таа падна на првиот испит трипати пред конечно да го положи во 2021 година.

Фото: Принтскрин / Инстаграм

Според американските медиуми, Кардашијан сега е подготвена да полага правосуден испит, што ќе ѝ овозможи да се занимава со адвокатура во Калифорнија. Во претходно интервју за „Вог Хонг Конг“, таа откри дека нејзината долгорочна цел е да отвори „успешна адвокатска канцеларија“.

Ким Кардашијан на денешното судење во Париз се соочи со напаѓачите кои ѝ го украдоа накитот вреден неколку милиони долари

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот