
Негативен развој на ситуацијата во Појасот Газа по прекинот на примирјето, вели Ердоган
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска разговараше со претседателот на Обединетите Арапски Емирати, шеикот Мухамед бин Зајед Ал Нахјан при што оцени дека прекинот на огнот во Газа претставува „многу негативен“ развој во конфликтот меѓу Израел и Хамас.
Препорачано
Како што соопшти кабинетот на Ердоган, лидерите на Турција и ОАЕ се сретнаа на маргините на самитот КОП28 што се одржува во Дубаи. Ердоган се сретна и со премиерите на Јапонија и Италија, Фумиа Кишида и Џорџа Мелони, со кои разговараше за ситуацијата во Појасот Газа, како и со неговиот узбекистански колега Шавкат Мирзијоев.
„Претседателот Ердоган, кој оцени дека повторното започнување на конфликтот е многу негативно, рече дека Турција работи на постигнување траен прекин на огнот и хуманитарната помош да стигнува до Газа“, се вели во соопштението.
Турскиот претседател рекол и дека неговата земја „прави се за да го запре израелскиот масакр“, но дека муслиманскиот свет мора да дејствува покохерентно.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
2мин
-
2мин
-
2мин
-
4мин
-
5мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5