фото: MIA
неформален состанок со земјите од западен балкан и вархеј

Неформалениот состанок на Вархеј со земјите од Западен Балкан помина без Курти-Во фокусот енергетската и финанската стабилност

Заврши неформалната средба, што денеска се подржа во Тирана, со премиерите на земјите од Западен Балкан и еврокомесорт за проширување Оливер Вархеј. Домаќинот на средбата Еди Рама Рече дека лидерите зборувале за финансиска поддршка на Европската унија за земјите од Западен Балкан.

-Денеска бевме во Тирана со еврокомесарот Вархеји, кој го покрива регионот и има задача да се занимава со сите прашања поврзани со проширувањето и соседството, и разговаравме за ова. Веќе извесно време се обидуваме да промовираме нов начин на гледање на работите во јазот што постои меѓу земјите-членки и нашите земји, по ударите на пандемијата, енергетската криза во Украина, што предизвика ЕУ да дистрибуира средства за земјите-членки, што го зголеми јазот меѓу нас и земјите-членки, рече Рама.

Според него, во тек е подготовка на финансиски пакет за сите земји од Западен Балкан, но како што одговори на новинарско прашање сеуште не се знае колку ќе тежи фондот и која земја колку ќе добие.

-Имајќи ја предвид оваа последица и сите предизвици кои денес се споделуваат колку што се засебни, се обидовме да создадеме друг пристап, па паралелно со преговарачкиот процес да имаме дополнителна поддршка за земјите од Западен Балкан. Ова почна да се оформува и се подготвува нов план за поддршка, Западен Балкан може да отвори некои патишта за интеграција во европскиот обединет пазар без да го чека влезот во Европската унија. Помалку или повеќе, ова е прегледот на денешниот ден, рече Рама.

Сенка на средбата фрли неприството на косовскиот премиер Албин Курти. На новинарско прашање до Рама, дали му е „жал што отсуствуваше помалиот брат“ тој кусо одговори дека „не гледа никаков интерес бидејќи сите биле поканети и кој сакал дошол“.

Неформална средба која траеше час и половина присуствуваа премиерите на Северна Македонија, Димитар Ковачевски, на Србија, Ана Брнабиќ, на Црна Гора, Дритан Абазовиќ и на Босна и Херцеговина, Борјана Кришто.

Инаку, Албанија ќе биде домаќин на Самитот на Берлинскиот процес на 16 октомври годинава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот