Недостигот на лекови на Онкологија настанал поради зголемен број пациенти

Недостигот на лекови на Клиниката за онкологија настанала поради зголемениот број на пациенти, изјави директорот на Клиниката доктор Игор Стојковски. Тој вели дека не е точно оти на Клиниката имало пациенти што не требало да примаат, а примале биолошка терапија. Стручниот колегиум со мнозинство одлучува кој што ќе прима од лекови а директорот ветува дека во иднина ќе направи напори да нема ваков недостиг на лекови.

Анексите на договорите се потпишани и ги очекуваме да дојдат во најкраток рок, можеби веќе во текот на утрешниот ден. За другите лекови работиме со директорот на ФЗОМ за да обезбедиме донација и брза постапка. Да потенцирам дека повеќето од пациентите на Клиниката за онкологија ја примаат потребната терапија, се третираат со хемотерапија, радиотерапија или биолошка терапија. Недостасуваат лекови како дел од третманот за 40 до 60 пациенти во моментот. Верувам дека во најбрз рок ќе ја обезбедиме терапијата. Стручниот колегиум и натаму одлучува за вклучување на пациентите на терапија. Од 5 илјади новорегистрирани пациенти над 90 проценти примаат соодветна терапија и се третираат со лекови базирано на медицина заснована на докази, изјави директорот на Клиниката за онкологија доктор Игор Стојковски. 

Директорот на ФЗОМ Сашо Клековски вели дека за краток период, веќе во петок ќе бидат одобрени годишните планови и да се создадат услови за да се спроведе редовната годишна набавка.

-Разговараме за многу краток период да ги обезбедиме неопходните лекови, а дотогаш да бидат завршени редовните годишни набавки кои се надевам следната недела ќе ги објавиме во детали, рече Клековски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот