
Недостиг на поштари во Битола, конкурсот е постојано отворен и веднаш може да се почне со работа
Во последно време, Битолската пошта се соочува со голем недостиг на поштари.
Препорачано
Недостигот на поштари е изразен особено во последниот месец поради малиот број на поштари, и добар дел од поштенските услуги се извршуваат со задоцнување, што предизвикува револт кај битолчани.
-Точно е тоа дека во последно време имаме реакции од граѓаните за ненавременото доставување на поштенските услуги, но тоа се должи на недостигот на поштари. Ние постојано имаме отворен конкурс за прием на поштари, но, за жал никој не се јавува-вели директорот на Битолската пошта, Пеце Кондовски.
Според него, во моментот недостигаат неколку поштари и добар дел од некои реони во Битола ги „покриваат“ со прераспределба на поштарите.
Инаку, еден поштар без стаж во Битолската пошта по договор на дело може да заработи 20 илјади денари месечно. Кој сака да биде поштар во Битола, може да се јави уште од денеска, а од утре да почне на работа, велат од Битолската пошта.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
1час
-
1час
-
1час
-
2час
-
2час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5