
Недановски: Очекував повеќе публика, но очигледно беа тука само оние кои навистина го сакаат Вардар
Eкипата на Вардар славеше победа во првиот натпревар од Лигата на Европа и тоа убедливо со 33:27. За Вардар ова беше прв натпревар во групите од едно европско натпреварување по пауза од две години, па затоа беше важно и да се започне со победа.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Тренерот Владо Недановски по натпреварот изрази задоволство што во „Јане Сандански“ повторно се игра европски ракомет, иако напомена дека очекувал повголем посетеност.
„И честитам на екипата на Валур за одличната игра. Мило ми е што повторно во „Јане Сандански“ гледаме европски ракомет. Очекував повеќе луѓе во салата, но очигледно само тие што го сакаат навистина Вардар беа тука. Одигравме одлично прво полувреме посебно во одбраната. Ги искористивме нашите можности да постигнуваме лесни голови, но загрижен сум бидејќи играме одлично прво полувреме, но во второто потрфрливме. Треба да работиме тоа да го подобриме и мора да работиме повеќе да го подобриме тоа. Бевме подготвени за овој напад, но не ја спречивме нивната транзиција“, изјави Недановски.
Еден од најдобрите на теренот беше Марко Срдановиќ кој натпреварот го заврши со шест постигнати гола.
„И честитам на екипата на Валур на добриот натпревар. Мило ми е што ние на крајот победивме. Знаевме дека се работи за екипа која физички и технички е многу подготвена. Се трудевме да ја успориме нивната транзиција и да направиме што помалку грешки. ИМаше и многу грешки на кои треба да работиме за следните мечеви и ова е за доста играчи прва европска победа и се надевам дека ќе продолжиме во ист ритам“, изјави Срдановиќ.
Вардар во Скопје го прегази освојувачот на ЕХФ Европскиот куп!