Семејствата на загинатите во Кочани / Фото: Драган Митрески - Слободен печат

„Не сакаме да ве плаќаме со илјадници евра, сите да си дадете оставка“ – побараа родителите на загинатите пред Собранието, а внатре се одвива интерпелацијата за Тошковски

Родителите на загинатите млади во трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани се пред Собранието каде бараат да излезат пратениците или нивните служби и да им одговорат на нивните прашања. Повеќемина од нив побараа оставки од сите пратеници бидејќи како што изјавија „не сакаат да ги плаќаат со илјадници евра“. Навредени се што никој не излезе да разговара со нив.  Ги прозваа и медиумите што не биле присутни во Кочани на минатите маршови во Кочани.

Срам да ви е! Ги повикувам сите пратеници од опозицијата и власта. Не сакаме да ве плаќаме со стотици милиони евра. Тошковски ти си најодговорен за ова, ти го лажеше целиот народ дека ќе се справиш со криминалот заедно со партиското јавно обвинителство. Под итно отказ и гитла дома. Не лажеше за криминалите што ги правеле твоите претходници. Кај се тие криминали? Уапси ли некого? Дали се уапсени твоите началници во Кочани и Штип? Отказ! И ти си криминалец. Од која дата ќе почнете со одговорност? Бидејќи инспекциите не биле во ваше време. Се е лажно, узурпатори на нашите институции, одма надвор отказ! Сите до еден и позиција и опозиција. Не не плашите со полицајци и тие се со нас, рече еден од родителите. 

Дел од присутните рекоа дека уште не добиле ни донации.

Не ни дадоа ни донации, не сфатија што рекол Бог „дај му прво леб и сол“. Ни тоа не ни го дадоа. Само лаги измислуваат. Се знае од каде смрди рибата, од главата, од Панче Тошковски и Коцевски. Жално е мајкиве во чии глави се е испомешано, својата болка да ја претворат во бес погрешно канализиран. Министре, дали ќе се удостоите или еден пратеник од Кочани да излезе пред нас и да каже дека нема да биде веќе пратеник. Има таков овие 40 дена? Нема! Срамота.  Забораваат дека на овие места се зашто народот ги донесе а како ги донесе така ќе ги однесе. Кога народот ќе биде посилен тогаш знаеме што се случува. Надвор отказ!, рекоа присутните.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот