
Не наседнувајте: Еве како да му го уништите планот на нарцисоидниот манипулатор кој ги „крши“ правилата
Нарцисот е заводлив и ќе направи се за да ве освои, затоа препознајте го пред да паднете во неговата замка.
Препорачано
Животот на нарцисот не е лесен и за тоа сведочат многу луѓе. Факт е дека нарцисоидните манипулатори успеваат да ги фасцинираат луѓето со нивната амбиција, изглед, интелект, вниманието што им го посветуваат. Сепак, се што прават има за цел да ја заведат и вовлечат личноста во замка во која нема ни да забележи дека е изманипулирана. Ова се манипулативните игри на кои најмногу паѓаат луѓето, па немојте и вие.
1. Не почитува граници
Дури и кога ќе поставите јасни граници, нарцисот нема да ги почитува. Не го интересира вашата приватност, желби и потреби, тој ќе прави како што му одговара. Затоа постојано ги тестира вашите граници и одредува се обидува да ги помести.
2. Не прифаќа одговорност
Во секој конфликт, нарцисот сака да ја префрли вината на вас. Без разлика која е причината за караницата и кој е навистина виновен, за него, тој никогаш не е виновен. Затоа ќе треба да се извините, да ја преземете вината и одговорноста на себе. Нарцисот верува дека секогаш е во право и нема причина да се извинува за ништо.
3. Ги крши правилата
Дури и во ситуација кога ќе ги поставите правилата заедно со нарцисот, тој нема да ги следи. Тој не е подготвен да се усогласи со правилата или да ги почитува, но ќе ги приспособи за да му одговараат и ќе го прави токму она што го сака во секој момент.
4. Ја спроведува својата волја
Нарцисот мисли дека секогаш е во право. За што и да зборувате, секогаш мора да биде по негово, тој е во право, најдобар и совршен. Што и да мислите и сакате, неговото мора да биде последно, се разбира, ако го дозволите тоа.
5. Дава празни ветувања
Дури и кога ќе почне да се извинува за своето однесување и да ветува дека никогаш повеќе нема да го повтори – знајте дека нарцисот никогаш не го исполнува ветувањето! Тој нема да се труди тоа да го исполни и ќе ги направи работите на свој начин.
Ако забележите дека сте во врска со нарцис, размислете зошто трпите сè. Што добивате и дали сте среќни? Ако одговорот е „не“, знаете кое е решението, чекањето не води никаде.