
Не му го прости неверството: Натали Портман се разведе од балетанот по 12 години брак
Натали Портман и Бенџамин Милпје се разведоа по речиси 12 години брак. Портпаролот на актерката го потврди разводот и рече дека Портман тајно поднела барање за развод во јули, а официјално се развеле минатиот месец во Франција, дознава „Пипл“.
Препорачано

Разводот следуваше по медиумските известувања минатиот мај дека францускиот балетан и кореограф Милпје имал афера со активистката за животна средина Камил Етјен.
– На почетокот ѝ беше тешко, но нејзините пријатели се собраа околу неа и ѝ помогнаа да го преживее најлошото. Натали излезе од навистина тешка и болна година, но излезе посилна и пронајде радост во своето семејство, пријателите и работата – рекол пријател на сега веќе поранешните сопружници за „Пипл“.
Во јуни минатата година јавноста ја дозна веста дека Натали била изневерена од нејзиниот сопруг.
Во февруари, познатата актерка беше прашана за состојбата на нејзиниот брак и рече дека нема желба да придонесе за ужасниот медиумски дискурс околу тоа.
Портман и Милпје имаат две деца: синот Алеф (12) и ќерката Амалија (6).

Натали и Бенџамин се венчаа на 4 август 2012 година, откако се запознаа на снимањето на „Црниот лебед“ (Black Swan) во 2010 година. Како кореограф на филмот, Милпје ѝ помогна на Натали да научи сложени балетски секвенци.
„Направи огромна грешка“: Сопругот ја изневерил Натали Портман со 25-годишна активистка