
Не му е првпат: Синот на Хелена Кристенсен е обвинет дека ја давел и брутално ја претепал неговата поранешна партнерка
Проблематичниот син на актерот Норман Ридус и манекенката Хелена Кристенсен е обвинет дека ја давел својата девојка со толкава сила што ја подигнал од подот во нивниот луксузен стан во Челзи. Мингус Лусиен Ридус (25) во саботата навечер беше обвинет на Кривичниот суд во Менхетен по нови тешки обвиненија, откако претходно во текот на денот беше уапсен поради наводно брутално претепување на неговата 33-годишна партнерка, објави „Њујорк пост“.
Препорачано
Првично беше осомничен за напад од трет степен и попречување на дишењето, а потоа му беа додадени и потешки квалификации – нанесување телесни повреди од безобѕирност, тешко вознемирување и вознемирување од втор степен. Обвинителите посочија дека наводното злоставување започнало во петок навечер, кога Ридус со двете раце насилно ја зграбил жртвата за врат и ја подигнал од подот додека ја давел. Следното утро, поранешниот модел кој стана музичар наводно силно ја удрил жената во ногата, а потоа ја фрлил на подот.
Неговиот адвокат, специјализиран за одбрана на познати личности, Прија Чодри, која претходно го застапуваше актерот Џонатан Мајорс во судењето за семејно насилство, изјави дека модриците кои ги имала жртвата не се поврзани со инцидентот во саботата.
„Важно е да се разбере контекстот на она што се случило. Тој бил загрижен за неа“, рече Чодри на судот.
Таа додаде дека нејзиниот клиент ја прекинал петмесечната врска, што наводно ја вознемирило жртвата и ја натерало да земе „неколку таблети за спиење“ во обид за самоубиство. Во тој момент, Ридус се јавил на службата за итни повици 911, по што бил уапсен. Според Чодри, жртвата која во меѓувреме се иселила од заедничкиот дом, „не се плаши“ од Ридус и нема интерес случајот да продолжи или да се подигне обвинение. Судијката Елизабет Шамас од Врховниот суд го пушти на слобода осомничениот и му нареди да се држи подалеку од жената. Но, пред да ја напушти судницата, Ридус упати навреда кон новинарка, нарекувајќи ја „грдa“.
Ова не е првпат тој да има проблеми со законот. Во март 2022 година постигна нагодба откако наводно удрил жена за време на фестивалот „Свети Џенаро“. Тогаш беше осуден на условна казна, која подразбираше една година да се држи подалеку од неволји и задолжително учество на најмалку пет советувални сесии. Обвинетиот треба повторно да се појави пред суд во вторник.
Синот на супермоделката Хелена Кристенсен уапсен: Нападнал девојка на паркинг