Ви препорачуваме
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Од авторите на Слободен Печат
ВОЈНА ВО УКРАИНА
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Синот на супермоделката Хелена Кристенсен уапсен: Нападнал девојка на паркинг

Мингус Ридус, 21-годишниот син на супермоделката Хелена Кристенсен и ѕвездата на серијата „The Walking Dead“ Норман Ридус бил уапсен и казнет од страна на полицијата за напад на 24-годишна девојка на паркинг во Долен Менхетн за време на концертот Сан Џенаро во вечерните часови изминатиот петок.
Младиот модел Мингус изјавил дека настанот е несреќа и ударот бил случаен додека тој се обидувал да направи дистанца меѓу двете групи откако се соочиле со девојките.
Според Мингус, тој и неговите пријатели биле следени од нападнатата девојка и нејзини пријатели кои присуствувале на фестивалот Сан Џенаро во реонот Мала Италија во Њујорк.
„На почеток не мислевме ништо, но овие пет девојки нè следеа два блока, фрлаа со храна по нас и довикуваа. Им рековме да нè остават на мира, но тие продолжија да нè следат, се закануваат дека ќе ја повредат мојата девојка и нејзината пријателка“, изјавил Мингус.
Според записите на полицијата, 24-годишната девојка со повик на 911 информирала за вербална конфронтација со непознат маж за кој подоцна се дознава дека се работело за Мингус.
Според изјавата, откако се соочиле добила удар по лицето, по што се здобила со повреда под нејзиното лево око.
По инцидентот била пренесена во болница, од каде изјавиле дека е во стабилна состојба.
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
3час
-
3час
-
4час
-
5час
-
6час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5