
Не ми се верува како една шега стана светска вест, вели Рама откако го исмеа Трамп
„Оваа ситуација не беше ништо повеќе од момент на добар хумор меѓу луѓе кои всушност се меѓу најголемите обожаватели на претседателот Трамп“, напиша Рама на „Икс“ откако неговата шега со Емануел Макрон и азербеџанскиот лидер Илхам Алиев на сметка на Доналд Трамп го обиколи светот.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Рама за време на Самитот на Европската политичка заедница во Копенхаген се шегуваше на сметка на американскиот претседател, кој повеќепати погрешно изјавуваше дека ги смирил Албанија и Азербејџан (мислејќи на Ерменија и Азербејџан).
Рама му рече на Макрон:
„Треба да ни се извините што не ни честитавте за мировниот договор што претседателот Трамп го склучи со нас“
Макрон ја прифати шегата и низ смеа одговори „Жал ми е за тоа, момци“, што предизвика смеење.
Во врска со случајот, Белата куќа вчера се огласи со дипломатски одговор.
Во меѓувреме, Рама на „Икс“ се правдаше дека не мислел ништо лошо за Трамп.
„Навистина е неверојатно како функционираат денешните медиуми и како таканаречената „виралност“ може толку лесно да ја искриви реалноста. Реченица изговорена со добар хумор, во духот на пријателството, одеднаш станува светски наслов за целиот самит, додека сè друго, вистинската поента, станува ирелевантно. Но да, беше забавно да бидам со мојот стар пријател Илхам Алиев и, во присуство на нашиот драг заеднички пријател Емануел Макрон, да го споменам лапсусот на претседателот Трамп дека дури и Албанија успеа да склучи мир со Азербејџан, додека самиот Емануел работеше неуморно, долго време, за да воспостави мир меѓу Азербејџан и Ерменија“, напиша Рама.
„Лесна забелешка, пријателски момент. Секако, нема проблем ако се шири, но извртувањето во политички отров е едноставно неправедно. Затоа, да разјасниме сè:
„Вистина е дека претседателот Трамп се покажа како лидер кој го врати зборот „мир“ во вокабуларот на Западот по многу години. И да, за извонредно кратко време тој постигна мир таму каде што другите се обидоа, но не успеаја, и тој продолжува неуморно да се стреми кон него. Оваа ситуација не беше ништо повеќе од момент на добар хумор меѓу луѓето кои, всушност, се меѓу најголемите обожаватели на претседателот Трамп“, додаде Рама во објавата.
It is truly remarkable how today’s media operates, and how the so-called “virality” can so easily distort reality. A sentence spoken in good humor, in the spirit of friendship, suddenly turns into a worldwide headline of an entire summit among dozens of nations, while all the… pic.twitter.com/bzBjzMC7op
— Edi Rama (@ediramaal) October 2, 2025