„Не го ни спомна“, каде беше Путин за време на погребот на Навални?

RAMIL SITDIKOV/SPUTNIK/KREMLIN POOL

Најголемиот руски опозициски лидер Алексеј Навални денеска беше погребан во Москва.

Додека го погребуваа неговиот најжесток критичар, Путин претседаваше со состанокот на рускиот Совет за национална безбедност, а за цело тоа време ниту еднаш не го споменал Навални.

Путин го искористи состанокот за да ги отфрли неодамнешните извештаи од Америка дека Русија развива вселенско антисателитско нуклеарно оружје.

Тој за време на состанокот предупреди дека „прашањето за неутрализирање на заканите што може да се појават за Русите во вселенската сфера треба да остане приоритет на Москва“.

Путин изјави дека е „категорично против распоредувањето нуклеарно оружје во вселената“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот