
Не е важно колку бавно се движите, сè додека не застанувате – Вака зборуваше Конфучие…
Кунг Фу Це, или латинизирано Конфучие, бил кинески филозоф и социјален реформатор. Роден е во 551 година п.н.е. а умрел на 4 март 479 година п.н.е. Тој бил еден од првите приватни учители во кинеската историја. Конфучие за себе вели дека тој е само пренесувач и реинтерпретатор на античките знаења. Според него, суштината на секој човек е ќовелпљубието, односно љубовта кон жената.
Препорачано
Ова се некои од неговите најпознати изреки.
Изберете работа што ја сакате и нема да мора да работите ниту еден ден во животот.
Љубезноста возврати ја со љубезност, но злото возврати го со правда.
Не им го наметнувај на другите она што самиот не би го сакал.
Оној што учи без размислување е изгубен. Оној што размислува без учење е во голема опасност.
Ако не го познаваме животот, како ќе ја познаваме смртта?
Не е важно колку бавно се движите сè додека не застанувате.
Можете да го убиете генералот на армијата, но не можете да ја убиете амбицијата кај обичниот човек.
Сè има своја убавина, но секој не ја гледа.
Благородниот човек е подготвен на помирување, но не се понижува. Негативецот се понижува, но не е подготвен за помирување.
Нашата најголема сила не е во тоа никогаш да не паднеме, туку секој пат кога ќе паднеме – да се подигнеме.
Голем човек си поставува строги барања себеси; малиот човек им поставува на другите.
Староста е, верувајте ми, добра и пријатна работа. Вистина е дека полека ве отстрануваат од сцената, но ви даваат и удобна позиција на гледачи во првите редови.
На оној кој тврди дека ги знае сите одговори сè уште не му ги поставиле сите прашања.
Почитувајте се себеси и другите ќе ве почитуваат.
Зарем не е големо задоволство да се учи и повторно да се учи?
Треба да чувствуваме тага, но не смееме да потонеме под нејзиниот притисок.
Не е вистината таа што го прави човекот голем, туку обратно, човекот ја прави вистината голема.
Кој не знае, а не знае дека не знае – опасен е – избегнувајте го!
Кој не знае, а знае дека не знае – дете е – научете го!
Кој знае, а не знае дека знае – спие – разбудете го!
Кој знае и знае дека знае – мудар е – следете го!