Голем број екипи во НБА лигата имаат проблем со позитивни кошаркари на ковид-19/ фото: EPA-EFE/WU HONG

НБА ги менува правилата поради коронавирусот

Челниците на НБА лигата соопштија дека го сменија корона протоколот кој ќе овозможи скратување на периодот на изолација на кошаркарите позитивни на ковид-19.

Според актуелните правила, кошаркарите кои се позитивни на коронавирус мораа да поминат 10 дена во изолациа, а со новата измена на протоколот, тој период е намален на шест дена доколку играчот нема симптоми и има негативен тест.

Сите 30 НБА екипи во понеделникот беа известени за новите правила, веднаш откако Центарот за контрола и превенција на болести (ЦДЦ), ја намали изолаците на граѓаните на САД од 10 на пет дена.

Според ЦДЦ причина за намалувањето на изолацијата е бидејќи истражувањата покажале дека луѓето позитивни на коронавирус се најзаразни два дена пред и три дена по развојот на симптомите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот