Фото: EPA/ERIK S. LESSER

Навивачите на Манчестер јунајтед бесни на капитенот: Нека оди во Саудиска Арабија, таму му е местото!

Манчестер јунајтед по поразот од Арсенал во првото коло од Премиер лигата викендов одигра реми против Фулам, но фановите на „црвените ѓаволи“ се повеќе разочарани од играта која ја прикажаа нивните миленици во ова реми, отколку во претходниот натпревар. Еден од најкритикуваните беше Португаллецот, Бруно Фернандеш кој не реализираше пенал.

Според навивачите токму Фернандеш е главниот виновник што „црвените ѓаволи“ не успеаја да слават победи, па на социјалните мрежи можеа да се прочитаат многу критики на негова сметка.

„Ова е најлошо изведен пенал што сум го видел. Дали целта му беше Месечината?“
„Нека оди во Саудиска Арабија, таму му е местото.“
„Бруно Фернандеш – шутираше  кон ѕвездите, ја погоди Месечината.“
„Ова не е рагби, капитене“, беа само дел од коментарите за промашениот пенал.

По натпреварот, Фернандеш се обиде да ја оправда својата грешка, велејќи дека судијата му пречел при изведувањето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот