
Научниците потврдија дека Божиќната музика има лошо влијание на психата
Доколку ви се чини дека каде и да одите ве пратат божиќни песни, не сте единствени – тој феномен го приметил и дигиталниот музички сервис Spotify чија анализа била дека најчесто пуштаните хитови во последните 2 месеца биле „It’s Beginning To Look A Lot Like Christmas“ од Мајкл Бубле и „All I Want For Christmas Is You“ од Мараја Кери.
Препорачано
Дури и доколку навистина ги сакате споменатите божиќни класици, понекогаш веројатно ви изгледа како да траат бескрајно и дека постојано одново репродуцира истата мелодија и истите неколку зборови.
Клиничкиот психолог Линда Блеир рекла за Insider дека божиќната музика токму поради тоа може и ментално да исцрпи, а нејзиното непрестанато повторување на нас има и психолошко влијание.
За почеток, таквата празнична музика, вели таа, може да предизвика носталгија, поради што ќе ги почувствуваме и чудата на Божиќ и празничниот дух, но тоа е само за мелодиите кои сме ги слушнале неколку пати, а кога ќе ги преслушаме веќе илјадници пати, тогаш може многу лесно да ни здосадат и да не направат да се почувствуваме непријатно.
Тоа се случува, кажат истражувачите, бидејќи нашиот мозок станува презаситен со истата музика, па на неа реагира негативно – ако на пример за време на празниците веќе ионака се грижите поради пари, работа или посета на семејството, постојаниот „напад“ на весели празнични мелодии ќе го зголеми тој стрес наместо да го намали, што може да смета и за продуктивноста на луѓето на работните места и да ги иритира купувачите низ трговските центри. Така и потрошувачката студија од 2011 година покажала дека 23% од Американците всушност се ужасуваат од божиќната музика.
Но, како може да се постигне рамнотежа да го умериме уживањето во музиката и истата таа да не не излуди? Со почесто менување на песните и контролирање на јачината на звукот, тврдат научниците, бидејќи повторувањето на истите божиќни песни за време на празниците ни прави „когнитивен умор“.