Фото: Pexels / Chevon Rossouw

Научниците открија зошто мачките повеќе сакаат да спијат на левата страна

Додека со часови гледале видеа од мачки на социјалните мрежи, научниците во Германија забележале нешто чудно – повеќето мачки повеќе сакале да спијат на левата страна.

Студија објавена во списанието „Current Biology“ ја потврди оваа необична тенденција и фрли светлина врз она што веројатно е еволутивна стратегија за преживување.

Научниците кои го проучуваат сонот на мачките велат дека структурата на нивниот мозок е таква што тие можат побрзо да реагираат на предатори или плен кога ќе се разбудат на левата страна.

Животните, се разбира, се особено ранливи кога спијат, а мачките поминуваат од 12 до 16 часа на ден спиејќи, често на малку покачени позиции како што се скали или софи.

Тим предводен од Онур Гинтуркин од германскиот универзитет Рур во Бохум анализирал 408 видеа на Јутјуб од мачки што спијат. Се вели дека околу две третини од животните претпочитаат да спијат на левата страна.

Причината зошто веруваат дека мачките побрзо откриваат закани на едната страна е тоа што двете хемисфери на мозокот се специјализирани за различни задачи.

Според тимот на Гинтуркин, десната хемисфера доминира во просторното внимание, ја обработува опасноста и ги координира брзите движења за бегство.

Мачките што спијат на лева страна ја перцепираат околината по будењето со левата половина од нивното видно поле, кое се обработува во десната хемисфера. Ако мачката спие на десна страна, нејзиното лево видно поле е ограничено од сопственото тело.

„Склони сме да веруваме дека значајната преференција за левата положба за спиење кај мачките може еволутивно да биде предизвикана од хемисферските асиметрии во обработката на заканите“, заклучуваат научниците.

Всушност, не станува збор само за мачки – научниците веруваат дека кај повеќето видови, животните реагираат побрзо кога предатор им се приближува од лево.

Но, авторите признаваат дека сè уште постојат многу мистерии за навиките на домашните мачки.

„Не можат да се исклучат дополнителни фактори“, велат научниците, повикувајќи на понатамошни истражувања за развојот на ваквите асиметрии.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот