
Научниците открија едноставен начин како да го спречите настанувањето на седи влакна
Седата коса е проблем што им станува многу близок на многу луѓе по средината на 30-тите години. Но, деновите кога сте морале да ја бојадисувате косата за да ги отстраните седите влакна, можеби конечно ќе станат минато.
Препорачано
Научниците од Универзитетот Нагоја во Јапонија открија едноставен начин за спречување на белите влакна – и тоа е одлична вест ако сакате зеленчук.
Истражувачите откриле дека антиоксидантот лутеолин се чини дека го запира процесот на настанување седи влакна кај глувците. И додека допрва треба да се тестира на луѓе, научниците веруваат дека може да има сличен ефект.
Најдобро од сè е што овој антиоксидант може да се најде во неколку вообичаени зеленчуци, вклучувајќи целер, брокула, морков, кромид и пиперка.
„Ова беше изненадувачки резултат“, рекол професорот Масаши Като, главен автор на студијата, и додал дека „ова откритие укажувана тоа дека лутеолинот може да има уникатен медицински ефект кој го спречува настанувањето на седите влакна на косата.
Според ВебМД, припадниците на белата раса почнуваат да побелуваат во косата во средината на 30-тите години, Азијците во доцните 30-ти, а припадниците на црната раса во средината на 40-тите години.
А до 50-годишна возраст, половина од сите луѓе имаат значителна количина седа коса. Фоликулите на влакната содржат пигментни клетки кои произведуваат меланин – хемикалија кое ѝ дава боја на косата.
Како што старееме, овие клетки почнуваат да умираат, а без пигмент, новите влакна на косата стануваат седи. Додека луѓето сѐ повеќе прифаќаат „сребрена“ коса, многумина сепак одлучуваат да ја прикријат седата коса со боја за коса.