Илустрација / Фото: Профимедиа

Научниците открија: Дијабетесот тип 1 може да биде предизвикан од бактериски инфекции

Многу луѓе кои се генетски предиспонирани за дијабетес тип 1 никогаш не ја добиваат болеста, што наговестува на непознат  предизвикувач од опкружувањето кој би можел да игра улога во развојот на оваа хронична автоимуна состојба.

Додека некои шпекулираат дека предизвикувачот би можел да биде вирус, новата студија предводена од истражувачи од Универзитетот во Кардиф во Велика Британија укажува на друга насока: дијабетес тип 1 може да започне со протеините на бактериите, предизвикувајќи промени во имунолошкиот систем, пренесува „Саенс алерт“ (Science alert).

– Дијабетесот тип 1 е автоимуна болест која обично ги погодува децата и помладите возрасни лица, кај кои клетките што произведуваат инсулин се нападнати од страна од имунолошкиот систем на пациентот – објаснува главниот автор Ендрју Севел, имунолог на Медицинскиот факултет на Универзитетот во Кардиф.

– Ова води до недостиг на инсулинот, што значи дека луѓето кои живеат со дијабетес тип 1 мора да вбризгуваат инсулин повеќепати дневно за да го контролираат нивото на шеќер во крвта – рекол тој.

Инсулинот помага гликозата да се движи од крвотокот во нашите клетки, кои го користат за енергија. Тоа е витален хормон произведен од бета клетките во панкреасот, а без него, нивото на шеќер во крвта во телото може да се зголеми на опасно високи нивоа.

Во претходните истражувања, Севел и неговите колеги го поврзале губитокот на ткивата што произведуваат инсулин со Т-клетките убијци – класа на бели крвни зрнца кои убиваат одредени други клетки, вклучително и клетките на ракот или клетките инфицирани со патоген. Се чини дека Т-клетките убијци играат клучна улога во предизвикувањето дијабетес тип 1 така што ги убиваат бета клетките.

Во новата студија, истражувачите открија дека Т-клетките убијци почнуваат да го прават тоа кога се активираат од бактериските протеини; особено протеини од бактерии за кои е познато дека ги инфицираат луѓето, како што е Klebsiella okitoca.

Тимот спровел лабораториски експерименти за да симулира такви инфекции, внесувајќи бактериски протеини во клеточните линии од човечки донари кои не се дијабетичари и следејќи како реагираат нивните Т-клетки убијци.

– Откривме дека по средбата со протеините од некои заразни бактерии, Т-клетките убијци по грешка можат да ги убијат и клетките што произведуваат инсулински протеин – рекол Севел.

Тој додава дека пронашле активирани Т-клетки со иста „вкрстена реактивност“ во крвта на пациентите со дијабетес тип 1, „што укажува на тоа дека она што го видовме во лабораториските експерименти можело да ја предизвика болеста“.

Силната интеракција со бактериски протеини очигледно ја поттикнала оваа промена во однесувањето на Т-клетките убијци, забележува Луси Џонс, водечки клинички истражувач за студијата на Медицинскиот факултет на Универзитетот во Кардиф.

Тимот го забележал ова во врска со генот за протеин на нашите клетки наречен човечки леукоцитен антиген (ХЛА) кој му овозможува на нашиот имунолошки систем да ги разликува нашите ткива од натрапниците.

– Специфичниот ХЛА поврзан со бактериската инфекција која предизвикува дијабетес е присутен само кај околу три отсто од популацијата во Белика Британија – вели Џонс, додавајќи дека „бактериските патогени кои можат да генерираат анти-инсулински Т-клетки се предизвикани од ретки инфекции кај помал број луѓе. “

Со демистифицирање на потеклото на дијабетес тип 1, велат истражувачите, можеме да откриеме нови начини за лекување на болеста – или можеби дури и да научиме како да ја спречиме.

– Се надеваме дека разбирањето како Т-клетките предизвикуваат болести како што е дијабетес тип 1, ќе ни овозможи да ја дијагностицираме и лекуваме болеста пред да се појават симптомите – вели Гери Долтон, имунолог на Медицинскиот факултет на Универзитетот во Кардиф.

Тој додава дека е познато дека раниот третман резултира со подобра прогноза бидејќи здравите бета клетки на панкреасот кои се нападнати може да се заштитат пред да бидат уништени.

– Во моментов не постои лек за дијабетес тип 1 и на пациентите им е потребно доживотно лекување – забележува Севел.

Тој верува дека луѓето кои живеат со дијабетес тип 1 може да развијат медицински компликации подоцна во животот, така што постои итна потреба да се разберат основните причини за состојбата за да ни помогнат да најдеме подобри третмани“.

Студијата е објавена во „Журнал на клиничко истражување“ (The Journal of Clinical Investigation).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!