Фото: Pickpik

Научниците ги открија состојките на најздравото смути: Не го содржи омиленото овошје

Според научниците, постои еден вид овошје што секој треба да го додаде во блендерот ако сака најздраво смути. Здравствените придобивки се навистина многубројни.

Од храната ги добиваме клучните хранливи материи кои му помагаат на телото да остане здраво.

Меѓу најкорисните се флаван-3-ол, подгрупа на флавоноиди кои покажале бројни придобивки, делувајќи како антиоксидантни, антиканцерогени, кардиопревентивни, антимикробни, антивирусни и невропротективни агенси.

Поради тоа, има смисла да се одржуваат високи нивоа на флаван-3-ол, особено за поддршка на здравјето на срцето и зголемување на когнитивната долговечност.

Истражувањето покажало дека смути на база на бобинки е најдобро за апсорпција на флаваноли.

Според една студија објавена во списанието „Фуд енд фаншн“, смути на база на банани ги намалува нивоата на флаван-3-ол во крвта, додека смути со бобинки може да помогне во нивно зголемување.

Смутито со бобинки го зголемило нивото на флаван-3-ол на сличен начин како и капсулите што содржат флаван-3-ол.

Истражувачите дошле до овој заклучок со мерење на нивото на флаван-3-ол во плазмата кај мала група здрави мажи кои постеле 12 часа. За жал, големината на студијата била мошне мала и не вклучувала жени, така што ќе биде неопходно да се потврдат овие наоди во идни, инклузивни студии.

Овие откритија сè уште се вредни за внимание, не затоа што смутито со банани не е корисно, туку како потсетник дека разновидна растителна храна, вклучително и овошје, се корисни за вашето здравје.

Ако сакате да правите смути, размислете за тоа да додадете мешавина од бобинки (јагоди, боровинки и капини) во вашиот рецепт.

Меѓотоа, тоа не значи дека бананите треба целосно да ги исфрлите. Бананите се богати со калиум, кој исто така е важен за здравјето на срцето.

Други извори на флаван-3-ол вклучуваат чаеви, производи од какао и разни овошја – јаболка, круши, праски и грозје – така што ако бобинките не се вашиот прв избор, знајте дека имате други опции за зголемување на нивоата на флаван-3-ол.

Фото: freerangestock

Рецепт за смути од бобинки

– 2 шолји мешани бобинки

– 1 шолја сок од портокал

– 1 шолја млеко по избор

– 1 лажица путер од кокос

– прстофат цимет

Ако сакате да го направите вашето смути уште подекадентно, размислете да додадете една лажица колаген во прав, путер од јаткасти плодови или протеински прав за дополнителна текстура, пишува „Мајнд боду грин“ (Mind Body Green).

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот