Марк Руте и Алексус Гринкевич / Фото: НАТО

НАТО започнува воена активност – руските дронови во Полска ја поттикнаа иницијативата „Источен стражар“

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, и врховниот сојузнички командант за Европа, генерал Алексус Г. Гринкевич, одржаа заедничка прес-конференција на која го претставија одговорот на НАТО на прекршувањето на полскиот воздушен простор од руски дронови два дена претходно. Руте ја најави иницијативата „Источен стражар“, воена активност чијашто цел е да ја зајакне позицијата на НАТО долж источниот фронт, објави Алијансата.

Активноста, што ќе започне во наредните денови, ќе вклучи различни сојузнички капацитети и ќе комбинира традиционални способности со нови технологии, вклучително и елементи наменети за справување со предизвиците поврзани со дронови.

– „Источен стражар“ ќе додаде флексибилност и сила на нашата поставеност – изјави генералниот секретар.

На состанокот на Северноатлантскиот совет во средата, сојузниците ја разгледаа ситуацијата по барањето на Полска за консултации по Член 4. Руте посочи дека иако ова претставува најголема концентрација на прекршувања на воздушниот простор на НАТО, „она што се случи во средата не беше изолиран инцидент, рускиот авионски авантуризам долж нашиот источен фронт се зголемува по зачестеност.“

Генералниот секретар нагласи дека клучната задача на НАТО е одвраќање на агресија и одбрана на секој сојузник, што ја истакнува важноста од заштитата на источниот фронт.

– Затоа имаме распоредено копнени сили напред во осум земји, со придонеси од сите сојузници и со планови за зголемување на нашето присуство доколку и кога тоа ќе биде потребно – рече тој.

Дополнително, Руте истакна дека сојузниците ширум Европа и Северна Америка секојдневно соработуваат за зајакнување на противвоздушната одбрана и заштита на критичната подморска инфраструктура во Балтичкото Море.

Билдање мускули или вистинска закана за НАТО: Што значи руско-белоруската вежба за источниот фронт на Европа?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот